Sales.Force се откажа од купување на Твитер

од Vladimir Zorba
65 прегледи

Компанијата SalesForce.com се откажа од борбата за стекнување на социјалната мрежа за микроблогови “Твитер”, пишува “Фајненшл тајмс”.5113455

“Во голем број причини оваа зделка не е погодна за нас”, изјави шефот на компанијата, цитиран од весникот.

Тој беше под притисок на своите акционери заради потенцијалната зделка – инвеститорите запрашаа зошто компанија која се занимава со продажба на програмско осигурување, сака да купи интернет-компанија која има потреба од промени. SalesForce.com беше единствениот преостанат сериозен кандидат за купување на услугата за микроблогови, но “Твитер” продолжува да бара потенцијални купувачи.

Претходно од купувањето се откажаа “Гугл” и “Дизни”, потсетува “Фајненшл тајмс”. Прашањето за продажба на социјалната мрежа било разгледано минатиот месец на седница на одборот на директори на компанијата, кои се незадоволни дека нема позитивни финансиски резултати. Месечно публиката на “Твитер” надминува 300 милиони луѓе. Пазарната капитализација на компанијата надминува 14 милијарди долари.