„ЕкзоМар„ пушти апарат кон Црвената планета

од Vladimir Zorba
88 прегледи

“Скиапарели” ќе направи слики и ќе изврши мерења на површината.

20150927-ncxiwtojqp

Европската вселенска агенција соопшти дека модулот “Скиапарели” на станицата “ЕкзоМарс” се одвои според распоредот даден од орбиталниот апарат и почнал контролирано спуштање кон Марс, каде што се очекува да слета во среда, пренесоа американските медиуми и ТАСС.

“Скиапарели” ќе направи слики на Марс и ќе изврши мерења на површината, но главната цел е да ја тестира технологијата за иден европски марсоход. Бродот-мајка на “Скиапарели” ќе остане во орбитата околу Марс и ќе ги анализира гасовите во атмосферата.

Станицата “ЕкзоМарс-2016” беше истрелана од космодромот во Бајконур со ракета-носач “Протон-М” на 14 март. Мисијата е заеднички проект на Европската вселенска агенција и на руската вселенска агенција “Роскосмос”.