Компанијата “Гугл” го претстави својот нов сервис кој ќе им овозможува на корисниците да проверат дали она што се чита, е точно или не.
Сега, освен досегашните “тагови” во статиите на Google News, како “Во длабочина”, “Википедија” и други, веќе ќе има и копче “Fact check”, кое ќе помага во одредувањето на тоа дали дадена вест е фактолошки точна, пишува британскиот “Индипендент”.
Статии, кои помагаат за воспоставување на даден факт, ќе се појавуваат под главниот наслов. На овој начин читателите ќе можат да проценуваат дали одредена вест е погрешна, преекспонирана или неточна.
Првично новата услуга ќе биде достапна само на територијата на САД и Велика Британија, а ќе може да се користи, освен на компјутер, така и преку мобилен телефон. Проверката на факти стана вообичаена услуга меѓу онлајн публикациите.
Голем број на организации како Меѓународната мрежа за проверка на фактите, “Политфакт” и “Фулфакт” анализираат тврдења на политичари и други јавни личности, за да утврдат дали она што го велат, е точно.