
Барем три лица загинаа, а 13 се повредени откако гас експлодираше по горните катови на станбен блок во градот Рјазан, Русија. И во моментот на место има спасувачки екипи, кои трагаат по уште тела.
Неколку станови се целосно разурнати. Има и уништени автомобили кои биле паркирани пред блокот и врз кои паднале парчиња бетон.
Околу 70 лица се изведени од зградата и сместени привремено во блиското училиште.
https://youtu.be/r2ebaYzBL5E