Службеното возило на македонската амбасада во Мадрид е украдено пред два дена, а кражбата е пријавена во националната полиција, потврди Министерството за надворешни работи.

За кражбата се известени Интерпол и Министерството за надворешни работи на Кралството Шпанија, како и осигурителната компанија во која е осигурано возилото.
„На 24.10. 2016 година е украдено службеното возило на амбасадата на Република Македонија по што кражбата е пријавена во националната полиција во Мадрид каде е составен записник за состојбата“, велат од МНР.
Министерството демантира дека службеното возило е скришум земено за приватни цели од страна на вработен во амбасадата.