Американскиот производител на автомобили Tesla Motors ( “Тесла моторс”) претстави во Лос Анџелес во Калифорнија нови панели за соларни батерии, приспособени за поставување на покриви на куќи и на електрични возила.
Презентацијата сакаше да ги покаже предностите на спојувањето на Тesla Motors со енергетската компанија SolarCity ( “Солар сити”). Зделката меѓу двете компании е за 2,6 милијарди долари. Прикажаните панели се цели, а не составени од фрагменти. Тие се произведени во две бои – портокалова и црна.
Powerwall во кој се акумулира добиената од сонце електрична енергија, е со удвоена моќност до 14 kWh димензии, а видот му е покомпактен во споредба со претходниот модел. Вредноста на овој развој е 5500 долари.
Претставници на Tesla ги соопштија во август плановите да купат SolarCity. По купувањето од Tesla Motors, енергетската компанија ќе произведува соларни батерии од нов тип, соопшти интернет-порталот “Теккранч”. Станува збор за производство на покрив, чија цела површина ќе биде сончева батерија. Компанијата Tesla motors планира да започне сериско производство на новиот Model 3 во 2017.