Често заборавените ерогени зони кои носат огромно задоволство

од Vladimir Zorba
129 прегледи

Страста нè тера да сакаме да го истражиме секој агол од телото на партнерот. Предиграта претпоставува допир, бакнување и стимулирање на секоја ерогена зона, за која ќе се сетите.89b183270d62c415e16799bad5d90e77

Да, меѓутоа не секогаш се сеќаваме за секое катче од телото на саканиот или саканата. Се фокусираме главно на гениталиите, градите, вратот, стомакот. Ова се стандардните ерогени зони на кои речиси секој човек сака да биде допрен.

Но, има и такви кои често ги забораваме, а тие носат понекогаш дури поголема радост од стимулирање на тривијалните секому познати ерогени зони. Кои се тие?2c489f9d15e52e61c981daf2c422dcf9

Долната страна на задникот
Овој дел од телото е богато снабден со периферни нерви. Допирот  дава неверојатни чувства, особено за жените, но и за мажите. Ако сакате да ја возбудите до бескрај нежната партнерка, допирајте ѝ ги или бакнувајте бутовите  додека не стигнете до долниот дел на задникот. Потоа фокусирајте се на оваа зона. Ефектот ќе биде прекрасен.

Под градите
Градите не се особено чувствителни кај некои жени. За сметка на тоа областа под нив најчесто е. Затоа пробајте да ја милувате својата дама таму. Ќе познаете по нејзините облини. Ако таа одговори соодветно на тој допир, значи треба да го правите секој пат. Ќе ѝ овозможите големо задоволство!
2fc98252ee28e94577784e74e52801a9
Свивките на колена
Малку луѓе би се сетиле за овој дел од телото. Тој сепак е многу чувствителен. Кожата таму е многу тенка, а тоа ги прави чувствата многу заситени. Вклучете ја задната страна на колената во љубовната игра и нема да жалите, како и партнерот.

Свивките на лактите
Свивките на лактите, слично на оние на колената, исто така се многу чувствителни. Допирот ја прави љубовната игра навистина страсна. Така ќе го одложите очекувањето на партнерот или партнерката и ќе го натерате да погодувате каде ќе се упатат јазикот и прстите потоа.
e6bfcd4c0452ed904ecf34670db87002
Задниот дел на вратот
Обично се фокусираме врз вратот на партнерот или партнерката, од проста причина што овој дел е достапен. Но за да ја направите играта уште позабавна и нестандардна, со едно движење контактирајте го партнерот на стомак и продолжете со бакнежите кај задната страна на вратот.
Токму под косата скалпот е богато опремен со нерви, кои ќе донесат вистинска наслада на партнерот. Потоа продолжете по грбот и спуштете се надолу. Чувството ќе биде незаборавно.