Состојки:
1 готово тесто за пица
1 чаша сос од домати
150 г рендана моцарела
150 г рендан пармезан
вкупно околу 250 г колбаси по ваш избор
Подготовка:
Врз набрашнена површина расукајте го тестото во правоаголна форма. Потоа намачкајте го со доматниот сос, посипете со рендана моцарела и ставете ги колбасите. Конечно посипете со пармезан.
Намотајте внимателно во ролна и исечете на парчиња со дебелина од околу 2,5 см. Наредете во тркалезна тава со нелеплив слој и печете во загреана рерна на 200 степени околу 20-30 минути.