(ВИДЕО) Семејството Обама танцуваше на Џексон за „Ноќта на вештерките“

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Барак и Мишел Обама ја прославија последната „Ноќ на вештерките“ во Белата куќа. Во текот на празничната манифестација, на која биле поканети семејствата на војниците, претседателот на САД и првата дама исполнија импровизационен танц на песната на Мајкл Џексон “Thriller”. Раздаваа и бонбони.541c3f30a374f0582a9bd8aa59231f42

“Во овој ден можете да не обрнувате внимание на Мишел и да заборавите за здравата исхрана”, ги цитираше The Washington Post зборовите на Обама.

Претседателските избори на САД ќе се одржат на 8 ноември. Постојниот претседател Барак Обама не може да се кандидира за трет пат.

Првата дама ја пропагираше исхраната во американските училишта. По нејзина иницијатива во школите е усвоена програма која се грижи таму децата да консумираат претежно овошје и зеленчук, како и храна богата со протеини.