СДСМ: И Миноски и претходниците ќе објаснат каде одат по 2 милиона евра на ден!

од Vladimir Zorba
97 прегледи

timthumb-1

Власта на Никола Груевски 9 месеци по ред во оваа 2016 година ги задолжува граѓаните по 2 МИЛИОНА ЕВРА НА ДЕН! Само во последните 9 месеци јавниот долг е вртоглаво зголемен над пола милијарда евра или 532 милиони евра, велат од СДСМ.

Вкупниот јавен долг, вчера достигна историски 4 милијарди и 760 милиони евра.

Никола Груевски лично 10 години беше премиер, а од партискиот замок тежок до 30 милиони евра продолжува да ги задолжува граѓаните преку неговиот извршител Кирил Миноски во Министерството за финансии.

И Миноски уште се обидува да го правда Груевски?

И Миноски и сите кои учествувале во неконтролираните задолжувања на граѓаните ќе бидат преиспитани и за злоупотребите на пари на граѓаните ќе има одговорност!