ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: A има ли разлика помеѓу ЛЕВИЦА, ДЕСНИЦА И ЦЕНТАР?

од Vladimir Zorba
142 прегледи
Последниве две недели јавноста е сведок дека се подготвува десница која ќе настапи на изборите и тоа создаде доста конфузија во јавноста, заборавајќи дека десна партија со демохристијанска ориентација е ВМРО ДПМНЕ, партија со социјалдемократска односно лева ориентација е СДСМ, на центарот освен ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ има 4-5 други партии (ДОМ, ЛДП, ЛИБЕРАЛНА и  др.) со либерално демократска определба.arhiva-pres
Да се пренагласува дека партиите кои произлегоа од ВМРО ДПМНЕ ќе бидат нова десница е голема заблуда, уште повеќе ако СДСМ се надева на соработка со нив.
Демократскиот сојуз е една од партиите која го иницира формирањето на ТРЕТИОТ БЛОК или Коалиција за ПРОМЕНИ и ПРАВДА во која се вклучуваат и партии и граѓански асоцијации со центристичка, десна но и лева ориентација.
Главна цел на ДС и Коалицијата за Промени и Правда е на 11 декември да се случат коренити промени и демонтира овој авторитарен режим ,како основа за стабилизирање на состојбите и пресметка со “ОКТОПОД” кој ја изеде Македонија  како држава.
Во Македонија многу тешко можете партиите да ги поделите врз основа на нивните програми. Сите партии формално се залагаат за исти вредности, но грабежот што се случува и разградувањето на државата е нешто што се случува и затоа повикуваме на соработка и единство за пораз на ВМРО -ДПМНЕ на изборите.