Состојки:
2 чајни чаши брашно
1 чаша шеќер, може и повеќе, ако сакате послатко
1/2 чаша природно какао
1 лажичка сода бикарбона
1/4 лажичка сол
1 чаша мајонез
1 чаша ладна вода
1 лажичка екстракт од ванила
Подготовка:
Ставете ги во сад сите суви состојки и измешајте добро. Направете кладенче и постепено додадете вода, ванила и мајонез.
Откако ќе се добие хомогена смеса истурете го тестото во намачкан и набрашнен калап. Печете во загреана рерна на 180 степени. По желба пред да сервирате истурете го колачот со растопеното чоколадо.