сдсм

Диме Спасов мора да се извини и да поднесе оставка, недозволиво е тој пет дена да се крие, мора да излезе пред граѓаните и да им објасни што сè правел во петокот ноќта, реагира СДСМ.„Граѓаните чекаат Спасов како дополнителен заменик министер за труд и социјална политика да објасни зошто возел автомобил кој е на Агенцијата за вработување!?  И зошто на тоа возило ставил гориво со картичка од Министерството за труд и социјална политика односно со пари на граѓаните. Граѓаните чекаат одговор зошто Спасов исчукал возила низ Скопје и бегал со километри, шибајќи преку повеќе улици, пред да биде запрен од полицијата, како да е во акционен филм? Граѓаните мора да слушнат од него зошто бегал од полицијата со трчање што го покажува неговото неодговорно и непресметливо однесување.

Спасов мора да одговори зошто кукавички пратил друг за да лаже дека возел наместо него, само за да се спаси од одговорност.

Неодговорноста на Спасов и ВМРО-ДПМНЕ отиде дотаму што тие лажеа дека Спасов бил бркан од криминалци и дека тој бил жртвата.

Спасов веднаш да си даде оставка и да ги остави останатите три возила со коишто противзаконски располагал а се на Агенцијата за вработување, пред и нив да ги излупа, да избега или да повреди луѓе“, се вели во соопштението на  СДСМ.

Слични содржини