Состојки:
200 г чаден лосос
150 г топено сирење
100 г краставица
1 страк свеж кромид
Подготовка:
Исечете го лососот на ленти, краставицата на половинки и наситнете го свежиот кромид. Потоа со помош на лажица намачкајте малку топено сирење врз рибата, ставете едно парче краставица и посипете со свеж кромид. Замотајте ролни и прикачете со чепкалка за заби, за да не се одврти или заврзете со перца свеж кромид.
Наредете во убава чинија и сервирајте.