Хилари и ИД се финансираат од исти извори

од Vladimir Zorba
146 прегледи

Во интервју за Раша Тудеј, што ќе биде објавено в сабота, Џулијан Асанж вели дека Хилари Клинтон ги замајува Американците кога станува збор за вистинската поддршка на американските сојузници од Блискиот исток за исламската држава.

images-2

Во имејлот од 2014 година што Викиликс го објави минатиот месец, Хилари Клинтон, која беше државна секретарка до 2013. Го повикува Џон Подеста, тогашен советник на Барак Обама, да изврши притисок на Катар и Саудиска Арабија „кои пружаат тајна финансиска и логистичка поддршка на исламската држава на другите радикални сунитски групи“.

Според Асанж тоа докажува дека од секогаш постоела таква илузија дека одредени „отпаднички“ принцови ги трошат своите приходи од нафтата како сакаат, но дека владите тоа не го одобруваат.

-Меѓутоа во овој имејл стои дека Исламската држава ја финансираат владите на Саудиска Арабија и Катар, вели Асанж во интервјуто.

Тој уште истакнува дека во времето кога Клинтон била државна секретарка е постигнат најголемиот договор за оружје во светот и тоа со Саудиска Арабија вреден над 80 милијарди долари и дека во текот на нејзиниот мандат, вкупниот извор на оружје од САД е двојно зголемен во доларска противвредност.

Како последица на тоа, според него, озлогласената џихадистичка група е создадена во голема мерка со помош на парите од луѓето кои донираат во Фондацијата Клинтон.

Асанж во интервјуто за РТ ја отфрла можноста Трамп да победи на изборите на 8 ноември, што не мора да има никаква врска со неговиот рејтин кај гласачите.

-Според моите анализи, на Трамп веројатно нема д аму биде дозволено да победи. Зошто? Затоа што никој од естаблишментот не е на негова страна, освен можеби протестанитите, ако тие воопшто можат да се наречат естаблишмент, вели Асанж.

Тој истакнува дека сите, од банките, разузнавачките кругови, воените компании, странските пари, сите стојат зад Хилари Клинтон, исто како и медиумите, сопствениците на медиуми и новинарите.

Во делот од интервјуто што РТ го објави вчера, Асанж ги демантира тврдењата на Демократската партија и кандидатката на изборите Клинтон дека зад објавувањето на нејзините спорни мејлови стои руската Влада и вели дека во таборот на демократите постои хистерија дека Русија е одговорна за се.