Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска се сретна со европратеникот Кнут Фленкенштајн.

На средбата, според соопштението од владејачката партија, соговорниците разговарале за актуелните состојби во државата, одржувањето на изборите како и европските перспективи на Република Македонија.
„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски истакна дека единствен начин за излез од политичката криза е одржување на престојните избори на кој граѓаните ќе може да одлучат за сопствената иднина, базирано врз конкретна програма и проекти кои што ќе бидат понудени и се приоритет за ВМРО-ДПМНЕ. Груевски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е посветена кон понуда на проекти кои ќе гарантираат напредок и продолжување на борбата за подобар стандард за грааѓните. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски истакна дека е потребна посветеност и одговорно однесување на сите субекти во градењето на атмосфера за кредибилни и демократски избори. Во однос на европските перспективи Груевски посочи дека за ВМРО-ДПМНЕ членството во Европската Унија е стратешки интерес и дека ќе се продолжи со напроите за придвижување на сстојбите на тој план преку активна реализација на мерките и чекорите предвидени со акцискиот план“, стои во партиското соопштение.