Фондацијата на Клинтон потврди официјално дека добила донација од 1 милион долари од катарската влада, додека Хилари Клинтон ја вршител на должноста државен секретар и дека „подарокот” бил чуван во тајност од Стејт департментот.

Властите на Катар ја приложиле донацијата 2011 година, за да го одбележат 65-тиот роденден на Бил Клинтон. Во замена тие посакувале средба „лице в лице” со поранешниот американски претседател, за да му го врачат чекот.
Ова беше наведено во писмото од шефот на фондацијата кон претседателот на претседателската кампања на Клинтон, Џон Подеста.
Од катарската амбасада во Вашингтон и Советот на министрите во Доха пак одбија да коментираат донацијата.
Изјавата излезе неколку часа откако основачот на “Викиликс” Џулијан Асанж откри за телевизискиот канал RT дека Хилари Клинтон била свесна дека „Исламска држава” е финансирана од владите на Катар и Саудиска Арабија уште додека била државен секретар.