Над 1,3 милион евра досега се потрошени за судскиот процес „Диво Насеље“, односно толку пари биле дадени за спровод и обезбедување на обвинетите за терористичкиот напад во Куманово, до Основниот суд Скопје 1, пишува Фокус.мк.

Според информации од Судот и МВР, до мај годинава за организирање на едно судско рочиште биле потребни од 35.000 до 45.000 евра, но откако бројот на обвинетите од 29 се зголеми на 37, трошоците се движат околу 50.000 евра од рочиште.
Според официјални информации од Кривичниот суд, од стартот во февруари па се досега, се одржани вкупно 27 судски рочишта за овој предмет.