Кои граѓански активисти и интелктуалци влегоа на листите на СДСМ

од Vladimir Zorba
94 прегледи

СДСМ попладнево го оддржува  21 Конгрес во хотелот Александар Палас во Скопје, каде официјално ќе бидат објавени пратеничките листи за изборите на 11 декември оваа година. Сепак и пред крајот на конгресот ,неофицијално веќе се пробиени информациите за носителите на изборните единици и листите на пратеници кои ќе ја водат СДСМ на овие избори.

  сдсм

Со високи добитни позиции се наместени  шарените револуционери и независни интелектуалци.

Според партиски извори од СДСМ во предлогот на кандидатски листи за изборите на 11-ти декември, кој Извршниот одбор на СДСМ денеска ќе му го достави на Централниот одбор на партијата, за носител на првата изборна единица е предложен Стево Пендаровски во втората Оливер Спасовски, во третата Љупчо Николовски,во четвртата Зоран Заев,во петтата Радмила Шеќеринска, во шестата Петре Шилегов.

Она што јавноста долго време го шпекулира се потврди и на листите се граѓанските активисти и интелектуалци  Павле Богоевски, Ивана Туфегџиќ, Ирена Стефковска, професорот Ферид Мухиќ и Ѓулмсер Касапи, кои се дел од непартиските имиња што се предложени на кандидатските листи за пратеници на СДСМ.

Стево Пендаровски кој е поранешен претседателски кандидат на СДСМ ќе ја предводи првата изборна единица заедно со двајца претставници од Коaлицијата со граѓаните: граѓанскиот активист Павле Богоевски и на деветото место Ивана Туфегџиќ.

Новинарот Мухамед Зекири и партиската потпретседателка Фросина Ременски ќе бидат во втората изборна единица со носителот Оливер Спасовски.

За сите овие предлози треба да донесе одлука конгресот кој  доцни со својот старт, веројатно поради усогласување на лиситте претходно на Извршниот и  Централниот одбор на партијата.