Американските власти спроведоа вежби во случај на судир на астероид со Земјата, соопшти порталот “Простор” повикувајќи се на извори од НАСА

Во вежбите учествуваа национални лаборатории, големи национални научни и технолошки центри, како и Пентагон.
Во сценариото вклучен е астероид со дијаметар од 250 метри кој наводно удира во јужниот дел на Калифорнија и се практикува на чекори кои се неопходни за заштита на граѓаните и да се спречи ширење на паника.
Како што рече шефот на НАСА Томас Цурбухен, заканата од астероиди кои паѓаат на Земјата е реална, но денес човештвото е повеќе подготвенои од кога и да е треба да се подготвува за оваа можност и да се ублажат последиците од него.
Претходно, НАСА има подготвено систем за да ги предупреди за можноста од паѓање астероид на Земјата, која е во можност да го лоцира било кој објект кој лета кон нашата планета на растојание од околу пет дена пре судирот.