НАСА ќе ја изучува Земјата со помош на мали сателити

од Vladimir Zorba
95 прегледи

НАСА планира во следните месеци да пушти 6 мали сателити за проучување на климата на Земјата, соопшти американската вселенска агенција. 5151767Според информациите најмалиот од овие сателити е со големина на кришка леб, а најголемиот е колку мала машина за перење. Еден од првите од овие апарати, кој ќе биде лансиран во орбитата  уште во ноември, е RAVAN (Radiometer Assessment using Vertically Aligned Nanotubes), наменет за следење на климатските промени на Земјата.

Во декември НАСА ќе истрела серија сателити CYGNSS (Global Navigation Satellite System), кои ќе ja мерат силата на ветровите над океаните за проучување на тропски циклони. Сателитите ќе го користат “влијанието на џипиес сигнали од површината на океанот за набљудување на ветровите над нивната површина”, објавија од НАСА.

Специјалистите се подготвуваат да лансираат и сателити, кои ќе одржуваат набљудување за формирањето, развојот и движењето на ураганите.

“НАСА сé повеќе користи мали сателити за решавање на сериозни научни прашања на различни мисии”, рече портпаролот на вселенската агенција.