Koи се најпопуларните видови суши

од Vladimir Zorba
1,4K прегледи

Сушито е еднa од најпознатите видови храна во светот. Иако, суши ролните се дел од јапонската кујна, тие стекнуваат многу голема популарност и во Европа. Сушито претставува варен ориз, сурова риба и други адитиви, свиткани во ролна во кора нори, а интересен факт е дека постојат над 2.000 видови суши. 5156707Во последните години се наметна и модата да се консумира Сашими- тоа е само месото на рибата или други морски плодови.

foodpanda, одбра и рангираше осум од најпопуларните и омилени суши ролни кои се најпосакувани во Европа.

“Виножито” – Претставува ориз свиткан во ролат од риба и авокадо.

“Футомаки Спајс” – Ориз, туна, чили сос завиткан во кори нори.futomaki-sushi

“Футомаки” со краставица и авокадо. Тоа е едно од најпознатите најчестите видови на суши.

“Филаделфија” – Оризот не е спакуван во кората Нори. Содржи авокадо, лосос и крем сирење.

“Теријаки” – Тоа е суши што не содржи риба, туку пилешко и сос “Териjаки”chicken-teriyaki-avocado-sushi-roll

“Темпура” – Овој вид суши може да има многу варијации, но секогаш едната или другата страна е малку пржена.

Сашими Сјомга- Претставува ориз, покриен со парче лосос.

“Унаги” – Унаги е вид јагула. Овој вид суши содржи ориз, унаги, теријаки сос и слатко- солена глазура.6-2-img_8490-unagi-sushi

Какво суши и да изберете, не заборавајте да го консумирате со големо количество соја сос, ѓумбир и Васаби. А, за да се почувствува вистински јапонската култура, користете стапчиња наместо вилушка.