Намалување на ДДВ-то од 18 на 5 отсто, низа даночни поволности во повеќе области, целосна обнова на возниот парк на Македонски железници, нов експресен пат од Битола до Меџитлија и обнова и реконструкција на влезовите во Битола, како и 79 милиони евра за изградба на експресни и регионални патишта, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешната конвенција на која беа претставени носителите на листи и кандидатите за пратеници на Коалицијата „За подобра Македонија“ на претстојните парламентарни избори.