[РЕЦЕПТ] Салата со модар патлиџан, јајца и мајонез

од Vladimir Zorba
207 прегледи

Состојки:
1 средно голем модар патлиџан
1 чешне толчен лук
3 лажици мајонез
2 тврдо варени јајца
сол и бибер по вкус332df9cea4777c8d31fffb69bb30e066

Подготовка:
Исечете модар патлиџан на тенки ленти и испржете ги во добро загреано масло. Извадете ги на кујнска хартија за да се одземе дел од маста. Потоа ставете ги во сад и додадете кон нив исечени јајца,  лук, сол, бибер по вкус и мајонезот. Добро промешајте и сервирајте.