
Жители од Диво Насеље и блиски пријатели на Џемаил Реџепи алијас Командант Шкипоња, поранешен висок функционер на ДУИ кој беше убиен лани му приредија неочекувано „добредојде“ на Али Ахмети во кумановската населба Черкези, објави Алсат-М.
Со пцовки и гласни негодувања беа поздравени сите гости на партискиот собир на ДУИ кои со наведнати глави влегуваа во ресторанот во кој се одржувала средбата.
Тв21 објави нови снимки на кои се гледаат и искршени стакла на каменуваните автомобили.
Група граѓани на Куманово денес не го пуштија да помине лидерот на ДУИ Али Ахмети кој требаше да има средба со партиските активисти во еден кумановски ресторан, објави Телевизијата 21.
“Дали знаеш за што се боревме ние, со крв победив, со крв ќе изгубам“, викаше еден од демонстрантите по лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Како што објави Телевизијата група граѓани се собрале на влезот на кумановското село Черкезе, со намера да го спречат собирот на ДУИ и лидерот на партијата Али Ахмети со партискиот разгранок на ДУИ од Куманово. Собирот против лидерот на ДУИ бил организиран, како што објави ТВ 21, од семејството на Џемаил Реџепи – поранешен командант Шкипоња кој беше убиен минатото лето, по кавгите и пресметките на разгранокот на ДУИ во Куманово.