Само неколку минути откако беше конечно објавен првиот официјален трејлер за филмската адаптација на бајката “Убавицата и ѕверот“, фановите се во солзи од екстаза.
Филмот во кој играат Ема Вотсон и Ден Стивенс треба да излезе во кината на 17 март следната година. По долги тизери, конечно нетрпеливите обожаватели имаат можност да погледнат повеќе кадри од новото дело на Дизни и тие се воодушевени од резултатот.
Ема во улогата на Бела беше пречекана со општо задоволство, сметајќи ја за актерката која со својот изглед, но и карактер сосема одговара на една од најпочитуваните хероини од класичните бајки.
https://www.youtube.com/watch?v=OvW_L8sTu5E&feature=youtu.be