Состојки:
1 чаша леќа
250-300 г свежи печурки по ваш избор
1 голема глава црвен кромид
300 г сланина
4 лукчиња
сол, црн пипер
маслиново масло, сок од лимон
едно парче путер
Подготовка:
Ставете ја леќата да се вари, а кога е подготвена исцедете ја. Во тава стопен путер и пропржете исечени кромид и лук. Потоа додадете печурки, сол, црн пипер и магдонос.
Кога печурките ќе подомекнат, ставете ја и леќата и гответе ја 2-3 минути. Во одделна тава испржете ја до добивање златна боја сланината. Прелијте ја салатата во сад и украсете со сланина. По желба зачинете со малку лимонов сок и маслиново масло.