[РЕЦЕПТ] Омлет со спанаќ, шунка и сланина

од Vladimir Zorba
155 прегледи

Состојки:
500 г спанаќ
2-3 лажици брашно
1-2 лажици масло
200 г шунка
100 г сланина
1 чешне лук
5-6 јајца
црн пипер4a476d1468f63ef43d5642e2a52d48d8

Подготовка:
Исечете го спанаќот на ситно. Истолчете го лукот. Изматете јајца со жица мешалка. Исечете ја шунката на коцки. Измешајте ги сите производи без сланина во сад и изматете. Загрејте масло. Истурете ја смесата во тава и запржете од двете страни. Обрнувајте внимавајте да не растури омлетот. Додадтее сланина и гответе уште неколку минути.
Јадењето може да се подготви и во рерна. Само намачкајте тава за печење со маслото и истурете измешана мешавина внатре. Наредете ги парчињата сланина на врвот и печете на средна температура.