[РЕЦЕПТ] Салата со модар патлиџан и пилешко

од Vladimir Zorba
202 прегледи

Состојки:
1 голем модар патлиџан
300 г пилешки гради
300 г свежи печурки
неколку страка кромид, лук
1 пакување мајонез
сол, црн пипер
маслиново масло и лимон
тост
9fd2478c4d2184e3ef893b15a303e95dПодготовка:
Исечете модар патлиџан на тенки парчиња и посолете. Оставете за околу 20 минути за да се изгуби горчината од нив. Потоа загрејте ја добро грил тавата и запечете ги по неколку минути.
Истото направете го и со пилешкото месо и печурките. Ако немате таква тава може да се потпече зеленчукот и во тава во рерна. Исечете го на мали парчиња како за салата и додадете кромид, лук, сол, црн пипер, мајонез, лимон и маслиново масло. Послужете со убав тост леб.