Миленичката на целиот регион и финалистка на талент шоуто „Пинкови ѕвездички“ Мартија Станојковиќ, сосема заслужено ја доби можноста оваа година да ја претставува Македонија на детскиот натпревар за избор на најдобра песна во Европа “Евровизија 2016“ во Малта.
Taa заедно со нејзините сценски придружнички веќе отпатува на Малта за да нè претставува на 20-ти ноември. 4 дена пред настапот, Мартија се појави на црвениот тепих и го даде своето прво светско кратко интервју на англиски јазик.
Несомнено Мартија ќе не претстави во вистинско светло на натпреварот, а додека ги броиме деновите, уште едно потсетување на песната, која се вбројува во фаворитите за победа, што беше потврдено и од новинарот кој ја интервјуираше.