Мартија Станојковиќ се претстави пред околу еден час во Малта со евровизискиот хит “Love will lead our way”.
Таа настапи на сцената придружена од нејзините другарки од танц студиото во кое и самата вежба, а овој свој талент не пропушти да го покаже низ кореографијата и за време на настапот.
Детската Евровизија се одржува во Малта, а годинава Македонија е еден од фаворитите за победа. Во моментов трае гласањето, откако се претставија сите учесници.
Настапот на Мартија на генералната проба, како и вечерва, можете да го погледнете подолу.