За многумина последниот албум на Лејди Гага и целокупниот изглед на пејачката за време на неговата промоција, се тотално откривање на една досега потисната страна кај музичарката, што го доведува нејзиниот талент до едно сосема друго ниво.
И самата Гага за албумот насловен едноставно “Joanne” зборува дека е автобиографски и дека преку него сака да се отвори себеси кон публиката.
Нумерата Million Reasons е една од баладите на албумот, која за кусо време се претвори во апсолутен хит. За време на доделувањето на Американските музички награди, таа ја изведе оваа песна во гитарски аранжман и со овој несвојствен за неа настап, таа ги освои срцата на целата публика.
Самиот настап погледнете го во видеото:
https://www.youtube.com/watch?v=9q0TzIgNJfY