Фатена нова видео снимка од митското суштество наречено јети

од Vladimir Zorba
105 прегледи

На социјалните мрежи се шири нова видео снимка од митското суштество наречено јети.

Тоа се случило во руската провинција Башкирија, во планина која се наоѓа на 260 километри југоисточно од провинцискиот главен град Уфе.
https://www.youtube.com/watch?v=Zz0Ypv6F0aI
Камера поставена во возило во движење случајно снимила како големо бело суштество минува преку патот завеан од снег.

Сопственикот на автомобилот Вадим Глиманов, го раскажа случајот за телевизијата ТВНЗ.

– Секако дека тоа може да е нечија шега или местенка, но кој би можел да трча така брзо среде ноќ?, прашува тој.

Зоологот Анатолиј Јаковлев пак, ги отфрла наводите дека на снимката се појавува популарниот „Бигфут“.

– Никогаш не е пронајдена ниту една коска од јети. Жал ми е, но нема никакви докази, рече експертот.