Во земјава до работа најлесно се стигнува со партиска книшка, дури 80 отсто од младите се подготвени да ја напуштат земјата-покажало истражувањето на фондацијата Фридрих Еберт.

Експертите алармираат дека стапката на невработеност расте.
Од фондацијата велат дека вработувањето на младите треба да биде според квалитетот,знаењето и потребите на пазарот.
Директорката на тренинг центарот за европска интеграција и поранешна продеканка за настава на Економски факултет Билјана Секуловска – Габер, порача дека се потребни итни реформи во образовниот систем како и негово усогласување со пазарот на труд.
Високата стапка на невработеност на младите е нотирано и во извештаите на Светска банка, како и во Меѓународната организација на трудот каде Македонија со 52,9% е рангирана на третото место на светската листа (на прво место е Босна и Херцеговина, а на второ Грција).