
Сообраќајниот метеж, загаденоста на воздухот, невработеноста и иселувањето на младите во странство, како и загрозеноста на имотот се дел од укажуваната на граѓаните.Пред граѓаните, но и на прес конференцијата, Павле Трајанов, нагласи дека за излез од кризата се неопходни промени, кои подразбираат промена на власта и одговорност за креаторите на кризата, газењето на правата на граѓаните и грабежот што го направи корумпираната и авторитарна власт.
“Еднакви услови за бизнис на домашни и странски компании, поддршка на компании кои градат фабрики и најниска плата од 300 евра”, рече Трајанов.
За отворање на бизнис од страна на младите предвидуваме 2% од Буџетот и 800 милиони евра за развој.Објавуваме “војна против криминалот” со што ќе се спречи грабежот и ќе има пари за инвестиции и развој. Повеќе пари за образование, здравствена заштита, но и за гасификација, изградба на надвозници и подвозници во Скопје и сл.
Јове Кекеновски, носител на листата за пратеници од втората изборна единица, посочи дека е за промени и за изградба на држава каде граѓаните ќе имаат еднакви шанси и законите ќе важат подеднакво за сите.
Емил Анастасов, кандидат за пратеник, се заложи за промени и владеење на правото, за да се промени реалноста: колачот да го делат сите, а не да имаме 98% сиромашни и 2% богаташи и олигарси.
SHARES