Состојки:
2 големи модри патлиџани
1 мала главица кромид, ситно исечкана
2 чешниња толчен лук
неколку страка сецкан магдонос
2 лажици мајонез
маслиново масло и оцет по вкус
сол и бибер по вкус
Подготовка:
Измијте модри патлиџани и ишарајте ги со вилушка на неколку места. Завиткајте ги во фолија за печење, ставете ги во тава и печете во загреана рерна на 200 степени до подготвеност (околу 50-60 минути).
Потоа отстранете ги лушпите и исечете ги на ситно. Ставете ги во сад и додадете ги кон нив останатите состојки.