Шекеринска во Охрид вети директна поддршка за младите да останат во Македонија

од Vladimir Zorba
77 прегледи

shekerinska-ohrid

Нашиот план за живот во Македонија е план кој гарантира, обезбедува, младите од целата наша држава да останат во татковината, тука да создаваат семејство, тука да најдат работа, тука да ги најдат своите шанси за успех, рече денеска во Охрид, Радмила Шекеринска, заменик претседател на СДСМ и носител на листата во петтата изборна единица.

Според Шекеринска невработеноста на младите во Охрид е проблем број еден, дека градот се празни и младите си заминуваат затоа што не гледаат шанса за пристоен живот или за било каква работа.

– Токму поради тоа, во Планот за живот во Македонија предвидуваме 140 милиони евра, насочени кон домашните компании, за да создаваат нови работни места и за да обезбедуваат повисоки плати. Дополнително, ќе обезбедиме за сите домашни, мали и средни претпријатија кредити во износ од 15 илјади евра со камата од само еден отсто, за да можат тие да се развиваат, исто така да отвораат нови работни места, да нудат подобри услови за работа за сите свои вработени – потенцираше Радмила Шекеринска во изјава за медиумите./Meта