„Играње со теми како двојазичност на цела територија и нудење на работи кои некој не ги сонувал дека ќе и добие дури ни на војна. Вложени се милиони евра во ова сценарио и кампања на опозицијата. Тие што вложувале во ова, не и мислат добро на државата и на вас, и вие го знаете тоа. Тие кои ја водат кампањата со опозицијата се истите тие кои се одговорни за кризата во државата“ изјави Груевски од центарот на Скопје.
Тој се обрати до оние кои ќе гласаат до помалите партии и коалиции и изјави дека тие се направени наменски и дека нема да имаат ниту еден пратеник, а гласот за нив би бил глас даден за опозицијата. Груевки го обвини Заев дека е против националните интереси и обвини дека е закана на суеврената самостојна и унитарна Македонија.
Груевски во Скопје ја презентираше и изборната програма и најави намалување на невработеноста на 17 и 18 отсто до 2025та година, зголемување на пензиите и социјалната помош за 50 отсто до 2020 година.
