93
Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп денеска се закани дека ќе стави крај на подобрувањето на односите со Куба, освен ако Хавана не направи отстапки за човекови права и не ја отвори својата економија, пренесе AFP.
“Ако Куба не сака да направи подобар договор во името на кубанскиот народ, во името на граѓаните на САД од кубански потекло и за САД како целина, ние ќе го повлечеме договореното”, изјави Трамп.