Предпладневна изборна хроника

од desk3
78 прегледи

Во последниве три дена бевме во три различни општини низ изборната единица 5 и како влегувавме во различни куќи, семејства, станови секаде ја слушавме истата приказна, истата мака.

Во секое семејство барем еден член веќе беше заминат од Република Македонија, најголемиот дел од нив заминале затоа што не можеле да најдат работа, но исто така и голем дел од нив заминале заради тоа што работата во Република Македонија, нудела плата, и им носела дома плата со којашто не можеле да ја прехранат, ниту да го создадат своето семејство.

 

Груевски и ВМРО ДПМНЕ имаа 10 години да го променат ова. Имаа 10 години да обезбедат пристоен живот за младите, за сите граѓани во Република Македонија. Наместо, тоа тие избраа да ја градат најголемата партиска зграда на Балканот, наместо тоа тие избраа да ја направат најбогатата партија во Европа, злоупотребувајќи ги парите на граѓаните и крадејќи ги парите од буџетот.

Затоа на 11 декември граѓаните на Република Македонија и на изборната единица 5 носат одлука дали ќе продолжат со овој живот како до сега, дали ќе продолжат со ваквото владеење, или ќе дадат шанса за живот во Македонија, за подобар живот, за повисоки плати, за повеќе работни места.

Во нашиот План за Живот во Македонија планираме просечната плата во нашата држава да порасне до 30.000 денари, за да понудиме шанса на голем дел, најголем дел македонски семејства да можат, и да ги платат сметките и да ги растат во нормални услови и да ги обезбедат сите главни продукти за нормален живот.

Тоа ќе го постигнеме на тој начин што ќе ги зголемиме минималната плата на 16.000 денари, и што ќе ги поддржиме домашните фимри со 140 милиони евра, за да создаваат работни места, меѓутоа и за да обезбедуваат пристојни плати.

На 11 декември гласаме за бројот 4, гласаме за промени и за живот во Македонија

ilija_dimovski_noke_0

 

Носителот на листа во Изборната единица 3 од Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на денешната прес-конференција во Кочани промовираше две мерки од Програмата на Коалицијата кои се однесуваат на вработувањето.

– Првата мерка се однесува на самовработување со кредитирање на вршители на земјоделска дејност, а се однесува на формализирање на веќе постојни земјоделски и други услужни дејности. Оние граѓани кои ќе ги формализираат своите земјоделски бизниси, ќе добијат по 7.000 евра кредит од Македонија со грејс период од една година и со целосна отплата од седум години. За секое следно вработување би добиле уште 4.000 евра односно 64.000 евра до 15 вработени. Ова ќе даде значаен придонес за развојот на земјоделството и аграрот воопшто, истакна Димовски.

Втората мерка, како што рече, се однесува на Програмата за кредитирање на правни субјекти за отворање на нови работни места. Секоја компанија која ќе отвори ново работно место од државата ќе добие кредит од 3.000 евра со рок на отплата две години и грејс период од една година со камата од 1процент. Лицето кое што се вработува ако е под 29 години ќе добие кредит од 4.000 евра за вработување во компанијата.

Прокетот „Македонија вработува 2“ продолжува и понатаму, истакна Димовски, правејќи паралела дека на крајот од мандатот на СДСМ во Кочани биле вработени 6.778 лица, а до денес во мандатот на ВМРО – ДПМНЕ се вработени 11.346 граѓани на Кочани. Разликата во овој дел е 4.568 повеќе што значи толку граѓани одат на работа. Оваа бројка е за 80 отсто зголемена. Ваквиот број на зголемени работни места се должи и на присуството на две странски компании во Кочани, како и отворање на мали семејни бизниси.

Носителот на листа во Изборната единица 3, Илија Димовски оствари средба со жителите на Ромското маало, со младите и граѓаните на Кочани, а попладнево ќе одржи средба со жителите на село Тркање

pavle
Коалицијата за Промени и Правда денес беше во посета на граѓаните од Пржино, Црниче и населби од Кисела Вода, каде Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз и носител на кандидатската листа за пратеници во првата изборна единица во Скопје, разговараше со граѓаните кои искажаа бројни идеи за излез од тешката криза во која е Република Македонија, со идентично барање, мора да дојде до промена на власта, како битен предуслов за стабилизација на состојбите, владеење на правото и економски развој.
Павле Трајанов во разговорите нагласи дека: “Режимот можеме сите заедно да го срушиме на 11 Декември. Не се плашете, гласањето е тајно, излезете и гласајте за промени и правда”.
На прес конференцијата, Павле Трајанов, презентираше дел од приоритетите од изборната програма:
Утре е ден на дрвото, идеја која беше за доброто на сите, но откако наместо Борис Трајанов, Бубо Каров и други активисти кои ја промовираа оваа акција, власта насилно ја презеде, ја узурпира, исполитизира и криминализира. Ефектите од потрошените над 60 милиони евра се поразителни. Многу се украде, а малку зеленило имаме.
Имаме план за гасификација и зачувување на зеленилото во Македонија.
Коалицијата за Промени и Правда е за системски промени, со кои првостепена ќе биде одговорноста на премиерот и министрите. “Имунолошкиот систем” мора по автоматизам да функционира доколку се крши Уставот и законите, како што беше злоупотребата на системите за прислушување, кршењето на изборните правила и грабежот на народот.
Цврсто сме определени да го демонтираме овој “еднопартиски”, олигархиски и криминален систем.
Никогаш повеќе нема да дозволиме една партија и еден човек, да ја узурпира извршната, законодавната и судската власт, да граба од народот и да се надева дека со избори ќе го покрие криминалот.
Ќе има промени во изборниот модел,  Македонија ќе биде една изборна единица, а составот на Парламентот ќе биде реален одраз на определбата на граѓаните, преку отворени листи.
Ќе го намалиме бројот на пратеници, од 123 на 90, а бројот на министри ќе го намалиме за 50%, ќе ги редуцираме бројните агенции, регулаторни тела и други непродуктивно –  паразитски институции.
Објавуваме, дека после 11 Декември, ќе водиме жестока “војна” против криминалот. Криминално стекнатиот капитал ( над 6 милијарди евра ) ќе се конфискува и парите ќе ги вратиме на народот, на граѓаните, а тие што ја злоупотребиле власта, нема да можат 10 години да бидат функционери.
Имаме најдобра економска програма,подготвена од експерти, стопанственици и од граѓанскиот сектор.
Предвидуваме исти бизнис услови за странски и домашни компании, отворање на над 30.000 мали фирми во кои ќе се вработат од 3 – 5 млади и креативни кадри.
Македонија во следниот четиригодишен период ќе биде полноправна членка на НАТО и ЕУ, без да се менува Уставното име, или загрози нашиот национален идентитет.
Имаме решение и за многу други работи: 
Предлагаме работното време да почнува во 07:00 часот, само 100 денари судска такса за остварување на права пред судовите, намалување за две третини на паричните казни, укинување на радиодифузната такса, МРТВ да прерасне во силен информативен сервис, како и воведување на позорната служба заради поголема безбедност на граѓаните.
Павле Трајанов, ги повикува граѓаните да гласаат за Коалицијата за Промени и Правда, која го има одличниот број 5, Коалиција која ќе обезбеди стабилност, сплотеност и единство.

 

Предводниците на коалицијата ВМРО за Македонинја Љубе Бошкоски, Љубчо Георгиевски и Стојанче Ангелов и носителот на листата за пратеници во шестата изборна единица Зоран Велковски денеска го посетија Тетово и се сретнаа со повеќе граѓани. Носителот Велковски уште еднаш го повтори ставот дека главна причина за за загадувањето на Тетово останува дивата депонија на влезот во градот кај Жито полог.

– Веднаш по промената на власта ќе се ангажираат меѓународни експерти да преземат мерки за намалување на загадувањето како и за повторно отворање на фабриката Југохром од Јегуновце бидејќи се покажа дега загадувањето пред и по неговото затворање не се промени драстично, а околу илјада вработени останаа без леб.  За нас најважно е здравјето на луѓето па потоа се останато рече Веловски.

Стојанче Ангелов рече дека нивниот носител на листата во шестата изборна единица Зоран Веловски како воен пилот во 2001 та година војувал за Македонија и Тетово, а сега војува во мир и зборува за сите граѓани.

– Заложбата на коалицијата ВМРО за Македонија е конечно Македонија да стане граѓанска држава во која сите граѓани ќе бидат исти пред законот и нема да се делиме по верска, етничка или политичка линија. Но, за тоа треба да се сопре и дискриминацијата на Македонците во Тетово особено младите кои многу тешко доаѓаат до работа поради затворањето на многу фирми тука па секојдневно мора да патуваат за работа до Скопје и назад рече Ангелов.

Љубе Бошковски најави дека покрај другите приоритети ќе се залагат за решавање на проблемот со учениците од македонска настава од  тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ и неколку инфраструктурни зафати.

Според Љубчо Георгиевски, нивната заложба ќе биде и надминување на проблемите со според него несоодветната територијална организација на државата со која се уништуваат селата за сметка на градовите.

– Со последната територијална организација на државата селата со поголем број на жители загубија многи бидејќи целиот живот се концентрира во градовите или на ниво на држава каде сите се губитници а се е концентрирано во Скопје. Ваква територијална организација нема никаде во Европа и ние се залагаме за тотална децентрализација во Македонија по принципот секое село општина за да можат со средствата што ќе ги прибираат самостојно да се развиваат бидејќи сега дел од селата немаат ниту жиро сметка за сопствени средства. Со тоа ќе се надминат и меѓуетничките кавги од пред десеттина година зашто сите ќе имаат еднаков третман, рече Георгиевски.

ivon-velickovski-670x472

 

Носителот на листата на Либералната партија во Изборната единица 1 Ивон Величковски и кандидатите за пратеници Љупчо Арсовски, Петар Горобински и Јасмина Димовска синоќа на средба со жители во  населбата Карпош 1 во Скопје ги претставија партиските определби со кои настапуваат за изборите на 11 декември.

Не се водиме по она што сака да го чуе мнозинството, туку од потребното – нема да им се допаднеме на сите, туку ќе имаме поддршка од оние со кои ги споделуваме вредностите, рече Величковски.

Тој ги повика скопјани да изберат опозициска партија, која, како што рече, гарантира дека ќе нема широка коалиција, ќе остане на тие суштински принципи и ќе овозможи следната влада да биде без ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ“.

Определба на Либералната партија, посочи,  е да ја сопреме економската централизација и да ја овозможиме политичката урбанизација.

– Администрацијата ќе мора да се редуцира, таа не е основа за економски раст. Какво било чепкање во даночната политика е штетно, особено за малиот и средниот бизнис. Не заборавајте 70 проценти од вработените работат во мали, средни и микро компании, а само 30 проценти се вработени во големите фирми. Ако не го одржуваме претприемачкиот дух – нашата економија ќе биде осудена на колапс. Ако десницата го утепа бизнисот, левицата со овие предложени решенија ќе го дотепа и уништи до крај. Немаме време за трета транзиција на македонската економија, рече Величковски.