Бразилскиот модел Изабел Гулар ги започна подготовките за годишното шоу на Victoria’s Secret.
Убавицата објави видео од тренинзите на страницата во Instagram и само за два дена видеото е гледано повеќе од 400 илјади пати.
За да е во форма за настанот, до кој остануваат пет дена, Гулар прави вежби за бокс во салата.
Шоуто ќе се одржи на почетокот на декември во Париз.