ЦИА го предупредува Трамп да не го поништува догoворот со Иран

од desk3
78 прегледи

Директорот на ЦИА, Џон Бренан го предупреди новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, да не го поништува нуклеарниот договор со Иран.

– Укинувањето на овој договор би било катастрофално решение и крајно будалесто, изјави Бренан во интервју за Би-Би-Си.

4617b8bb54e27c2f850f6a706700f22a_c0-0-3240-1889_s885x516

Актуелниот директор на ЦИА го советува Трамп и за тоа да биде „мошне претпазлив“ околу неговите ветувања за Русија и ја повтори позицијата на сегашната американска админстрација за „вината на Москва“ за многу од сегашните „страдања во Сирија“.

Во текот на предизборната кампања, Трамп се закануваше дека ако стане претседател ќе го откаже договорот со властите во Техеран за нивната нуклеарна програма, како и дека ќе работи за потесни врски со Русија.

Џон Бренан се повлекува од функцијата во јануари, откако четири години беше директор на ЦИА.

Во интревјуто тој вели дека Русија има способност и капацитети за спроведувањр хакерски напади, но не одговари дали Москва се вмешала во годинешниве претседателски избори во САД со ослободување на доверливи информации за да му се наштети на едниот, а да му се помогне на другиот кандидат.

Бренан призна оти имало разговори со неговите колеги од „другата страна“, на кои Русија била предупредена дека сите нејзини (хакерски) акции ќе бидат уништени

Разговорот за Би-Би-Си е првото интервју што еден директор на оваа американска разузнавачка агенција го има дадено за еден британски медиум./МИА

Слични содржини