(ВИДЕО) Предпладневна изборна хроника

од desk3
92 прегледи

Денеска сме во Долнени и со граѓаните од Долненеи, разговараме за проблемите којшто ги мачат. Сите кажуваат иста работа дека во овие 10 години заборавиле како изгледа институциите да работат во служба на граѓаните.

Единствено што гледаат пред себе се шалтери којшто се вечно затворени. Службеници во државата којшто не одговараат на потребите на граѓаните и практично администрација која работи само како партиска испостава во полза на партиите, во полза на политичарите, а не во полза на граѓаните.

На 11 декември ќе ставиме крај на ваквото однесување. Институциите ќе ги ставиме во служба на граѓаните. Тоа значи дека граѓаните ќе имаат квалитетно и добро образование кое ќе ги учи нашите деца. Здравство кое ќе не лекува сите и инститиции којшто се знаат дека главни господари се оние којшто ги плаќаат нивните плати, а тоа се сите даночни обврзници, тоа се граѓаните на Република Македонија.

Затоа во образованието започнуваме сериозни реформи ќе го намалиме бројот на предмети со кој непотребно се оптоваруваат нашите деца. Ќе обезбедиме во секое училиште наставниците, прво да бидат посветени на децата и на нивното знаење. Затоа ќе го укинеме екстерното тестирање. Екстерното тестирање созададе само проблеми, создаде само страв од казни кај наставниците и притисок и врз родителите и врз учениците.

Ќе го подигаме квалитетот на образованието, не со казни, туку со поттик и награда на оние којшто добро си ја вршат својата работа. Училиштата и наставниците којшто ќе покажат особени резултати, јавно ќе бидат наградени, јавно ќе бидат пофалени од својата држава и ќе овозможиме сите да се посветат на подобро образование и повеќе знаење кај нашите деца.

На 11 декемрви гласаме за квалитетно образование за сите деца во Македонија.

На 11 декември гласаме за животот да се врати во нашата држава. Живот во Македонија.

 

grujevski

 

Ново повеќенаменско игралиште во Канатларци, 161 апарат за прилепската болница во вредност од 1,2 милиони евра, доградба на експресниот пат од Градско до Прилеп, реконструкција на патните правци Прилеп – Кадино Село – Боротино и Прилеп – Битола, две нови градинки во Прилеп и реконструкција на повеќе спортски објекти, вети лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на денешната средба со жителите на прилепско Канатларци.

Носителот на изборната листа во четвртата Изборна единица нагласи дека и во иднина ќе продолжи субвенцијата од 60 денари за откупен тутун и посочи дека годинава тутунот има добра просечна цена од 180 денари.

– Субвенциите ќе продолжат и во наредните четири години. И во иднина можете да сметате на полна поддршка на земјоделците со најмалку 150 милиони евра годишно, рече Груевски.

Потсети дека во минатото воопшто немаше субвенции за земјоделците, а по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт субвенциите почнаа постепено да се зголемуваат од првичните неколку милиони евра на 45 милиони евра во 2008, 75 милиони во 2009, 110 до 2011….

– Со нас сте на сигурно, има други што доаѓаат и ќе ви ветуваат се и сешто. Сетете се дека кога беа на власт не ви даваа ништо. Горе долу и сега се истите луѓе и ви нудат ветувања од ракав, рече Груевски.

Со нас, нагласи, сигурно ќе имате поддршка и во наредните четири години и потсети дека во последните пет години во општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани вкупно се доделени 55 милиони евра субвенции за земјоделците.

– Кога даваме ветувања ние сме внимателни, а многу често потоа правиме нешто и што не сме го ветиле, рече Груевски и потенцира оти гледа дека опонентите ветуваат се и сешто без конкретни рокови и пари.

Груевски, ги потсети земјоделците од Канатларци на дел од ветувањата во програмата „Реално“ за наредните четири години во која меѓу другото е предвидено по 20 милиони евра годишно за развој на македонското село, наместо со 50 отсто за набавка на трактори и земјоделска механизација, 60 отсто да овозможува државата, а 40 отсто земјоделецот, државата да субвенционира 60 отсто од трошоците за осигурување на посевите, воведување на професионални земјоделски советници кои покрај земјоделски совети ќе нудат и економски совети за земјоделците, субвенционирање од 80 отсто за воведување на систем „капка по капка“, 80 отстотна помош од државата за набавка на високоприносен добиток, нов проект за рурални развојни зони, за сите 1650 македонски села  во кои сите што ќе изградат капацитети и ќе добијат луѓе ќе добијат стопостотно ослободување од персоналниот данок и на добивката за период од 10 години, 50 отстотен попуст за придонеси за пензиско и здравствено осигурување, по 2.000 евра за вработување на ново лице или по 4.000 доколку станува збор за стечаец, 10 процентна помош од државата за изградба на објектот.

aerodrom-pres

Денес, Павле Трајанов, носител на кандидатската листа за пратеници во првата- Скопска изборна единица разговараше со поголем број на граѓани од Аеродром, при што ги презентираше и  приоритетите од Изборната програма нa Коалицијата за ПРОМЕНИ и ПРАВДА.
На прес конференцијата го промовираше проектот ДЕКРИ, со кој се објавува “ВОЈНА ПРОТИВ ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ”
Трајанов нагласи : „Веднаш по изборите ќе формираме Агенција за борба против организираниот криминал, чиј директор со мандат од седум години ќе го избира Парламентот со двотретинско мнозинство на предлог на независно тело составено од универзитетски професори, новинари, претставници од граѓанскиот сектор, експерти и др“.
Агенцијата ќе работи на откривање на скриениот капитал на функционерите и на сите други вклучени во тешки облици на организиран криминал.
Во законита суска постапка, криминално стекнатиот капитал, ќе се конфискува и преку посебен фонд со кој ќе управуваат граѓаните, ќе се враќаат украдените пари, токму на граѓаните.
Проценките се дека од Македонија се извлечени околу 30 милијарди евра од кои над 5 милијарди евра во последните 10 години. Овие пари се на контата на функционери, актуелни и поранешни, како и на контата на бизнис елитата односно олигарсите во Македонија.
Враќањето на капиталот во матичните земји од каде потекнува е и во согласност со дир ективите на ЕУ.
Сите пари не можат да се вратат,  но можно е  најмалку 6 милијарди, да се конфискуваат и вратат на граѓаните.
Со проектот се предвидува заострување и на казните и изрекување на заштитна мерка, забрана на политичко дејствување и извршување функција од најмалку 10 година.
Со реформите на безбедносните служби, се предвидува формирање Совет за национална безбедност, укинување на полициските овластувања на УБК и формирање на Оперативно технички центар(прислусшен) под директна контрола на Парламентот.
Дел од реформите се и враќањето на позорникарите-полицајци, во населбите, и во функција на поголема заштита на имотот и зголемување на безбедноста во целина.
Павле Трајанов ги повика сите граѓани, посебно неопределените и тие што воопшто досега не гласале, да гласат за број 5, да гласат за кандидатите за пратеници на Коалицијата за ПРОМЕНИ и ПРАВДА.

Носителот на кандидатската листа за ИЕ 1 на Коалицијата ВМРО за Македонија  Ден Дончев денеска имаше средби со граѓани на Дебар Маало, пред Клиничкиот центар Мајка Тереза и пред ГТЦ.

– Ќе им ставиме крај на урбаната мафија и на криминалот. Порачуваме дека тоа време заврши. Подготвени сме  да ги отвориме сите  теми што се актуелни за граѓаните, а се дел и на платформата на дејствување на коалицијата ВМРО за Македонија, рече Дончев во Дебар Маало.

Според него, Дебар Маало е пример на дејствување на урбаната мафија на сите нивоа на извршната власт, во спрега со градежни фирми.

– Последиците се погубни, видливи на секој чекор, ги чуствуваат сите. Пренаселеноста е повеќепати поголема, намален е квалитетот на живот бидејќи капацитетот на комуналната инфраструктура е несоодветен. Уличките се постојано  раскопани поради приклучоците на новите згради и уништени од камионите што носат градежен материјал. Ако продолжи овој тренд, од Дебар Маало ќе останат само грди висококатници, бетон, многу автомобили, загаден воздух и празни кафеани заради уништената амбиентална вредност на просторот, рече Дончев

5118-silegovizjava021216

Еве сме во Гостивар од срцето на Македонија. Да му соопштиме на Никола Груевски дека каменот му дојде од близу. Неговиот коалиционен партнер ги сруши сите црни сценарија што ги пропагира низ Македонија во изминативе денови.

Паднаа во вода сите лаги, сите лаги и интриги, сета црна кампања за некаква си федерализација, кантонизација на Македонија. Од неговиот коалиционен партнер всушност беше соопштено провидното сценарио. Беше соопштено дека УЧК раководи со македонските институции. Дека УЧК го воведува албанскиот јазик на територија на цела Македонија.

Со ова во целост се сруши црната кампања на Никола Груевски. За 10 дена од сега граѓаните ја земаат судбината во свои раце. Граѓаните на оваа коалиција, на Никола Груевски, ќе му порачаат нема никаква федерализација и кантонизација, но ќе има конфискација!

Ќе плати Никола Груевски за секое евро кое што го откина од нашите граѓани. Ќе плати Никола Груевски за секоја мајчина солза исплачена навечер за децата коишто заминаа. Ќе плати Никола Груевски за секоја непреспана ноќ во странство на нашите граѓани.
Од овде, од Гостивар порачуваме: Единствена Македонија, сплотени граѓани се иднината наша, иднината на нашите деца. Овде сме да го прошириме животот во Македонија!

vlatko-gjorcev_201441321445

Носителот на листата за пратеници од коалицијата За подобра Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ во шестата изборна единица Владимир Ѓорчев, денеска одржа прес-конференција во Тетово. Главен акцент на неговото обраќање пред претставниците на медиумите беше намалувањето на невработеноста каде, според Ѓорчев, има позитивни бројки и трендови, а најави и нови проекти во таа насока.

– На 1 јануари 2006 година бројката на невработени лица во Тетовско изнесуваше 14 илјади, а сега е 10 илјади. Истовремено бројот на вработените лице е зголемен од 12 илјади во 2006 година на 20 илјади во моментот. Ова се јасни показатели за намалувањето на невработеноста во изминатиот десетгодишен период, но и се поголемото ангажирање на населението односно негово вработување низ Тетовско. Тоа е сериозен успех, но сакаме невработеноста и понатаму да ја намалуваме. Ќе продолжиме со активностите за привлекување странски инвеститори во ТИРЗ Тетово каде ќе се вработуваат луѓе од целиот крај, како и со проектот за рурални развојни економски зони, рече Ѓорчев.

Според него, има два тима односно две гарнитури, и граѓаните на Тетово и Тетовско, но генерално и во Македонија, треба да си одговорат на прашањето кој е тој што ќе може да донесе повеќе инвеститори Никола Груевски или Зоран Заев.

– Никола Груевски има разработен систем за привлекување странски инвестиции, има луѓе околу него, има свој тим, има контакти со стотици и стотици компании и тоа е начинот како ќе ја намалуваме невработеноста во Македонија, како ќе се отвораат нови фабрики и на тој начин со пад на невработеноста ќе имаме зголемување на платите на оние што веќе работат, изјави Ѓорчев.

Предидено е Ѓорчев денеска да одржи мини митинзи во Скудриње и Жировница.

 

МИА