(ВИДЕО) Изборна КАМПАЊА 2016: Што порачаа лидерите ?

од desk3
78 прегледи

timthumb-8-3

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев синоќа пред битолчани ја претстави неговата визија за враќањето на животот во Македонија, ветувајќи победа за да го смени овој робовладетелски систем на власта и како таква никогаш да не се повтори.

„ Гледам масовност во Битола и морам да кажам вредеше. Бидете горди оти се боревте за нашиот народ, за нашата Македонија, за животот кој што ни го украдоа. Една мјака ми кажа врати ми го детето дома. Нема живот без деца, нема живот ваков каков што живееме. Еден пусти живот имаме. Ве повикувам да ја довршиме борбата. Режим паѓа, живот враќаме. Да го вратиме животот кој битолчани го живееја а заборавија да го живеат. Дозволете да си го дадам својот збор. Знаеме дека режимот паѓа, но тоа не е доволно. Луѓето очекуваат чесни политичари кои ќе ги водат. Јас сум Зоран Заев кој ги извади бомбите, маваше на овој режим се додека не го клекна. Е тоа е гаранцијата дека ќе бидам различен од Груевски и од сите други. Секој прес од проектот „Вистината за Македонија“ завршуваше со пораката „Никогаш повеќе да не се повтори“ – тоа е гаранцијата – рече Заев.

Тој вети дека во првата година од новата власт предводена од СДСМ поддржувачите во борбата против овој режим ќе можете да кажат „Ете, видовте дека може и во Македонија“.

– Ви ветувам јавно уште во првата година ќе почувствуваат враќање на животот во Македонија. Главно е да ги вратиме парите назад кон грѓаните. Нема идинина со сиромаштија. Конечна цел ние вработен човек да има просечна плата од 500 евра.

Овие бандити не само што ќе ги стигне правдата, не само што ќе одговараат пред независно судство, туку ќе ги вратат парите, зашто тие пари се украдени од вас. Знаат сите колку аздисана криминална власт ја води Македонија. Се прашуваме зошто уништувале цели семејства, новинари, објекти, зошто станале богови, а се долу за нив било раја? Кога не знаеш зошто, да знаеш дека пари се во прашање, велеше дедо ми. За пусти пари, за моќ, за власт Македонец удрил врз Македонец. Ова е модерно робовладетелско општество кое за пусти пари го продаде својот народ.

Дојде време народот да ја спушти театарската завеса. Доаѓа време да кажеме доста на овој режим на 11. декември. Заев најави инвестиции, заштита на работниците и К15 за работниците во РЕК Битола. Најави намалување на бројот на предмети во основното образование. Прва одлука на влада ќе биде укинување на екстрното тестирање.

Најави потрошувачки совет кој ќе го водат пензионери кои ќе ги мерат цените на мало. Ако цените се покачени за 5 отсто и пензијата ќе се покачи за толку проценти

gruevski-vo-kocani

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа за пратеници во Четвртата изборна единица Никола Груевски вчера од Пробиштип ја претстави нивната слика за излез од кризата, а тоа е Коалицијата за подобра Македонија да добие 63 пратенички места.

– Видоа дека ќе изгубат, па сега велат дека разликата ќе биде мала и дека ќе прават голема коалиција. Голема коалиција е само пролонгирање на кризата, а исто така и продолжувањето со работа на СЈО, надвор од законските 18 месеци. Сето тоа е продолжување на кризата со цел да се остварат туѓи интереси. Бараат начини како кога ќе изгубат да ја пролонгираат кризата. Има само еден начин да се излезе од оваа криза, а тоа е поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за 63 пратеници, рече Груевски.

Тој најави дека во следниот период планираат зголемување на просечната плата со отворање на нови работни места, како и зголемување на пензиите и социјалната помош.

– Планираме во идните четири години да отвориме 70.000 нови работни места. Само преку мерката за самовработување се вработени над 12.000 лица, а сигурно бројката ќе беше поголема да не постоеше кризата. Извозот порасна за четири милијарди, а да потсетам дека во 2005 изнесувал само една милијарда. Извозот и увозот во времето на СДСМ се помали само од извозот во моментов. Дадовме под закуп над 60.000 хектари земјиште, овозможивме над 2.000 трактори и механизација преку принципот 50/50, се изградија над 74 нови училишта, преведовме и испечативме над 1000 книги и учебници на кои се учи на десетте реномирани факултети во светот, изградивме и многу тениски и фудбалски игралишта, истакна Груевски.

radovish1

На митингот на Коалицијата за Промени и правда ,во Радовиш, Павле Трајанов,лидер на Демократскиот сојуз, ги повка Радовишани,да излезат и да гласат за кандидатите на Коалицијата, да гласат за Слободан Богоески,еден од втемелувачите на самостојна Македонија.

Нека прават политички инжинеринг и СДСМ и ВМРО ДПМНЕ,со наместеми анкети. Оваа коалиција е со народот и многу добро знаеме дека нарадот не поддржува во нашата цврста определба да го срушиме режимот и да обезбедиме стабилност, сплотеност и единство, како услови за младите да останат во Македонија.

Со економската програма предвидуваме 800 милиони евра за развој и 2% од Буџетот за младите.

Имаме стратегија за изедначување на условите за бизнис на домашните и странски компании, отворање на 30.000 мали фирми во кои ќе се вработат над 100.000 млади квалификувани кадри. Само со отворање на нови фирми и фабрики, ќе се полнат фондовите и ќе има услови за најниската пензија да изнесува 200 евра.

radovis-3

Имаме најсероозен проект за борба против криминалот,и согурни сме дека криминалците од власта ќе одговараат ќе се конфискува криминално стекнатиот имот и ќе се врати на граѓаните. Над 6 милијарди евра ќе ги вратиме на граѓ аните,рече Трајанов.

Укинување на екстерното тестирање, укинување на радиодифузната такса,100 денара судска такса за остварување на право пред суд, намалување на паричните канџни за дветретини ,се дел од конкретните мерки за кои треба само волја и знаење,но не и пари.

radovis

Слободан Богоески вети дека крималците каде и да бегаат ќе ги вратиме назад, поентирајќи дека не се плаши и дека режимот ќе падне.

Овој режим се потпира на поданици и манипулативни медиуми,а ние на народот,затоа сме силни и чекориме напред. Колку сакате делете народни пари, народот ќе ве казни и сите вие ќе завршите во Бизнис центарот во Идризово што го најави Трајанов, нгласи Богоески.
На митингот зборуве и Столе Спасов и Драгана Букилица.

radovish-4

Ние сме сигурни дека ќе имаме доволен број пратеници, без кои нема да можат да се носат круцијалните одлуки, битни за државата и граѓаните, рече Павле Трајанов.

 

 

Коалицијата ВМРО за Македонија вчера одржа митинг во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица.

Претседателот на ВМРО НП Љубчо Георгиевски рече дека не го разбира, како што посочи, стравот на двете најголеми партии на политичката сцена од Коалицијата ВМРО за Македонија.

– И едните и другите бараат 62 пратеници за стабилна Влада. Мојот став е дека ние после овие избори треба да имаме нестабилна Влада за да имаме стабилна држава. Не смее никој повеќе да има апсолутна власт. Нашите пратеници во Парламентот ќе бидат за баланс, ќе бидат гарант за да нема реваншизам кон нашите или ваши фирми, рече Георгиевски.

Претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски рече дека нивното враќање на македонската политичка сцена има само една цел – да се врати ВМРО на вмровците и Македонија на Македонците.

Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов најави дека прва работа што ќе ја направат во Собранието ќе биде иницијативата за итен попис на населението.

– Во Собранието во кое ќе имаме најмалку 15 пратеници ќе поведеме иницијатива за итен попис на населението, рече Ангелов, додавајќи дека ќе изградат граѓанска држава во која сите ќе бидат еднакви пред Уставот и законите.

Од Коалицијата ВМРО за Македонија, меѓу другите мерки, најавија формирање прв студентски град, промоција на студентска картичка со попусти и поволности, изградба на интермодален транспорт преку автопатско и железничко поврзување на градовите од регионот на изборната единица 4, како на пример Струмица, Кавадарци, Прилеп со државите од ЕУ.

На митингот зборуваа носителите на кандидатски листи од сите изборни единици.

Menduh-Taci

Претседателот на Демократската партија на Албанците и носител на листата за пратеници во Шестата изборна единица Мендух Тачи на митинг во селото Слатино, општина Теарце, ги повика присутните да ја поддржат ДПА на претстојните избори.

Тој истакна дека НАТО и Европската унија се насоката по која треба да се движат и ја обвини ДУИ дека 13 години е на власт, а ништо не направила за Албанците.

– Со такви политичари веќе долго време не сме на вистински  пат и нема да бидеме ако уште останат да бидат во власта. Се знае која е нашата насока – НАТО и Европската унија. Нема алтернатива за евроатлантската интеграција. Тоа е вистинскиот пат и мора да продолжиме да одиме само во таа насока, рече Тачи.

Кандидатот за пратеник Имер Алиу посочи дека имаат платформа која нуди излез од кризата.

– ДПА секогаш победувала во Слатино и пошироко и сигурен сум дека така ќе биде и сега. Направиме голема работа досега, но има уште време да се оди од куќа до куќа за да се убедат Албанците дека треба да гласаат против ДУИ и да се поддржи ДПА. Со нашата платформа треба да се најде излез од оваа криза во која не држи ДУИ веќе 13 години, рече Алиу.

Пред присутните на митингот во Слатино зборуваше и партискиот потпретседател Бардуљ Даути, кој оцени дека на неколку денови пред изборите јасно е дека Албанците ќе ги казнат ДУИ.

– Нашата платформа е веќе добро прифатена кај Албанците и сите знаат добро за што ќе гласаат. Во две насоки е насочена нашата платформа – екомомска и политичка. Ќе работиме да има правилна прераспределба на буџетот. Сакаме да има политичка и фискална амнестија. Да се ослободат луѓето од високите казни кои го полнат буџетот. На крајот од годината да имаат поврат од данокот на додадена вредност, рече Даути.

ali-ahmeti

Демократската унија за интеграција (ДУИ) вечерва одржа централен собир во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“, каде ја презентираше платформата „Заедно одлучуваме“ со која настапува на предвремените парламентарни избори.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети пред присутните рече дека без ДУИ нема да функционира ниту Владата, ниту легислативата и изрази очекување дека ДУИ сигурно ќе победи.

Тој додаде дека ДУИ е најлегитимната партија која ги претставува Албанците и која придонела да се промени најновата историја на Албанците во Македонија.

За следниот период, Ахмети најави дека ќе се реализираат проекти со коишто ќе се подобри животниот стандард на граѓаните, економијата, леглислативата и образованието. Потсети дека во Западна Македонија се отворени 2.000 работни места, а во план е да се изгради слободна економска зона во Липково. Најави и поддршка за заинтересираните домашни и странските инвеститори.

Пред присутните се обрати и носителот на изборната листа од Втората изборна единица Ејуп Аљими, кој рече дека и покрај реализираните проекти во времето на владеење на ДУИ, остануваат дополнителни проекти кои ќе се реализираат.

– Да изградиме сигурна иднина за секое албанско семејство, за економска рамноправност, за сите политики кои беа сон на секој Албанец. Зборуваме за овие политички достигнувања и како да ја градиме иднината, така што мислам дека дојде време да работиме многу повеќе. Дојде време да ја поддржиме платформата, помалку да зборуваме и повеќе да работиме, рече Аљими