(ГАЛЕРИЈА) Од централниот граѓански митинг во Скопје на коалицијата „За живот во Македонија“

од Vladimir Zorba
109 прегледи

Вечерва со почеток во 18:00 часот пред Владата на Република Македонија коалицијата „За живот на Македонија“ предводена од партијата СДСМ го одржува својот централен собир, односно голем граѓански митинг во Скопје.

Ова вечерва е нешо многу повеќе од Скопје, ова е нешто поголемо од митинг, ова е Македонија, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев пред илјадниците присутни на митингот.

– Рацин вечерва во секој од нас вели: Силно светнал ден! Ние можеме, ние веруваме, имаме надеж, имаме визија, имаме план за живот во Македонија. И ќе има живот во нашата Македонија. За само седум дена ќе светне утрото кога ќе го почувствуваме животот. Ви го отворам срцето, слушнете го тој гласен шепот на благодарност кон сите вас и кон својата земја. ве тепаа, ве омаловажуваа. Вие сте вистински херои, нема херои без лузни. Другари, вредеше, вредеше, ја добивме најголемата битка за секој наш граѓанин – рече Заев.

Тој детално го претстави Планот за живот на Македонија пред присутните на митингот и рече дека клуч за земјата е стабилноста на земјата.

– Останувањето на власт на Груевски носи немир, нестабилност. Не се мирни неопределените граѓани, симпатизерите на СДСМ; па и вмровците. Доаѓа време кога никој нема да стравува за ништо. Барам од секој од вас да го препознаеме овој историски момент на прекршување, кога режимот пука, се раѓа живот – порача Заев.

15301082_10154709895784804_1056560685_n-115301182_10154710060894804_278854004_n 15282010_10154710061109804_1420719452_n 15300737_10154710061784804_1778255709_n

15320353_10154710063594804_812264988_n

15328297_10154710069059804_1968883891_n

15327704_10154710071214804_161225569_n