(ВИДЕО) Предпладневна изборна хроника

од desk3
70 прегледи

Се наоѓаме на самото место на злосторот, каде што Владата на РМ во изминативе 10 години потроши близу 700 милиони евра, од она што е јавно познат податок, инаку неофицијално 1 милијарда евра за мермер кој не е мермер и за стиропор.

Во исто време над 180 илјади наши граѓани тонат во сиромаштија и живеат со едвај 40 денари на ден. Македонија е екстремно сиромашна држава и тоа за Владата во изминатиов период не беше никаков приоритет. Тие луѓе беа отфрлени и заборавени, како да не се граѓани на РМ.

По 11 декември, Владата предводена од СДСМ ќе понуди цел сет на мерки преку програмата за искоренување на сиромаштијата кои од корен ќе ги променат состојбите и ќе отворат патека за развој на тие семејства и луѓе кои сега немаат ниту за леб и буквално преживуваат од ден за ден.

Во програмата, основна мерка ќе биде месечниот приход за 4-члено семејство кое ќе биде во категоријата на екстремно сиромашни од 12.000 денари и тие 12.000 денари ќе ги добиваат секој месец, независно дали се од владејачката партија или на сосема друга партија. Тие луѓе мораат задолжително да примаат месечен надоместок од 12.000 денари.
Владата предводена од СДСМ ќе воведе семеен социјален работник кој 24/7 ќе биде достапен на семејствата и поединците кои имаат потреба од тоа.

Една од поважните мерки кои ќе ги направиме по 11 декември е дисперзирање на надлежностите, односно спуштање од централно на општинско ниви, затоа што општините секогаш се поблиску до граѓаните и наместо да чекаме од Скопје, од централната власт или Влада да води сметка за секое сиромашно или семејство со посебни потреби, тоа ќе го прават општините.

Почитувани граѓани, на 11 декември е ден за одлука. Само од вас зависи дали сакате да живеете како и досега во екстремна сиромаштија и потполно заборавени од властите кои сте ги бирале да водат сметка за вас или сакате да му дадете шанса на животот и на Планот за живот во Македонија на коалицијата предводена од СДСМ.

За нас секој од вас е важен и тоа практично ќе го покажеме по 11 декември кога во РМ ќе бидат отворени сосема нови перспективи и за лицата и семејствата кои спаѓаат во категоријата сиромашни.

 

spiro1-280x157
Во рамки на тековните директни средби со граѓаните, Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ денеска го посети Сојузот на пензионери во Кочани, каде со пензионерите разговараше за многубројните реализирани проекти во интерес на оваа категорија граѓани.
 
Ристовски истакна дека со новата програма „Реално“ повторно се предвидени мерки со кои се унапредува животниот стандард на пензионерите.
 
– За сите категории пензионери е предвидено зголемување на пензијата од најмалку 10,25 отсто во текот на следните 4 години. Исто така предвидено е продолжување на проектот за бањско-климатска рекреација, како и многу други проекти кои ќе се реализираат за потребите на пензионерите, истакна Ристовски.
 
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со големата поддршка на пензионерите, за разлика од, како што рече, другите политички партии кои во неколку наврати ги намалиле пензиите и нанеле голема финансиска штета на македонските семејства.
 
Исто така, Ристовски информираше дека е изготвен и проект за изградба на пензионерски дом во Кочани и извршена е промена на Урбанистичкиот план, додавајќи дека преостанува да се изготви финансиската конструкција и потоа да се започне со градежните активности.

 

image-0-02-05-84a7b2676ba194432848f90a506f734f4f94a8629bfc8c4a57e86227d643c330-v

Денес, Регионалниот изборен караван на Коалицијата за промени и правда, предводен од Весна Стоименовска, носител на листа во третата изборна единица, оствари средба со граѓаните на Велес, пред кои ја презентираше програмата на Коалицијата за промени и правда, по што одржа прес конференција за медиумите на која рече:
„ Видете околу вас. Видете ја сиромаштијата. Ни фабрики работат, ни родители носат деца по градинки, ни деца има по спортските игралишта. Се што беше младо и перспективно замина по белиот свет. Дел извадија странски пасоши и отидоа да бидат обични работници по белиот свет, а образованите ни ги земаа како “алва” за да печалат за газдите по Германија, Швајцарија, Шведска… Размислете кој од Вашите роднини, пријатели, соседи замина… Останаа старците за да ги чуваат домовите и да се прашуваат дали ќе има на кого да ги остават куќите што ги граделе.  Да размислуваат дали ќе имаат прилика да си поиграат или да ги прошетаат со внучињата, да им купат сладолед. И тие деца на современите иселеници засекогаш ќе бидат туѓинци таму каде што сега живеат, и прашање е дали некогаш ќе ја почуствуваат љубовта на своите дедовци и баби.
 
Ваквата слика низ градовите во Источна Македонија е секаде иста, секаде е присутен феноменот на масовно иселување на млади. Географски најголемата изборна единица демографски старее. Жално е што Македонија станува ледина, наместо да го користи благодетот од бога даден и да го развива земјоделието. Наместо да увезуваме, сами да ги задоволуваме потребите на населението и да извезуваме. Наместо концесии на криминалци на оние кои умеат и сакаат да работат. Субвенции за вистинските производители. image-0-02-05-f4784af236f51876787e89e22e3b385d47fa0ae521a34a6c6335a19076c994c1-v
 
Коалицијата за промени и правда во својата Програма нуди можности за младите да останат и творат тука, во Македонија. Предвидуваме формирање  Фонд за поддршка и вработување на млади и  креативни кадри, во износ од 2% од Буџетот на Македонија. Предвидуваме минимална плата од 300 евра, минимална пензија од 200 евра и секако усогласување на социјалната помош со зголемените животни трошоци. Коалицијата за промени и правда во својата програма се фокусира на развој на домашната економија и производство. Затоа, имаме економска стратегија со која за 5 години ќе се отворат над 30.000 мали и средни претпријатија со од 3-5 вработени. 
Стоименовска се огласи и за сепогласните апели за 63 пратеници и стабилна Влада на двете најголеми политички партии
“ Сакам само да ги потсетам граѓаните дека ние 25 години имаме „стабилни влади“ од една партија и видовме што ни се случи. Поединци се збогатија,  станаа мулти милионери додека граѓаните се се посиромашни. Сега имате избор и можност да ја поддржите Коалицијата за промени и правда, како трета политичка сила, која ќе биде гарант за системски промени, правна и економски развиена држава.
 
Стабилна влада не е апсолутно мнозинство, стабилна влада  ќе биде само онаа што ќе работи одговорно и чесно во интерес на граѓаните. Затоа, ги повикувам сите Велешани, и сите граѓани, посебно неопределените, но и незадоволните и разочараните да дадат поддршка на оваа Коалиција и да го заокружат бројот 5. Да не дозволиме никогаш повеќе една партија да ја узурпира и законодавната, извршната и судската власт. На 11-ти декември сите ние во наши раце ја имаме моќта да пресудиме на неодговорното владеење и да не дозволиме да се повтори. Не заборавајте позади параванот сте сами!
 
 Слободно и без страв побарајте одговорност од оние кои Ве обесправија, ограбија, заплашија и осиромашија, а ние ќе се погрижиме украденото да биде конфискувано и вратено на граѓаните.
Коалицијата за промени и правда во својата програма предвидува и исти бизнис услови како за странските, така и за домашните компании. Понатаму, предвидува намалување на казните како за физичките, така и за правните лица за 2/3, согласно сегашниот македонски стандард , а не да се плаќаат казни пресметани по европски примања.
Ќе има и низа мерки за ослободување на граѓаните од непотребните давачки, како што е укинување на радиодифузната такса и намалување на судската такса, која сега е превисока и многу граѓани неможат ни да помислат да си го остварат своето право пред Судовите. Предлагаат судската такса да изнесува само 100 денари.
Лидерите на ВМРО-НП и на Обединети за Македонија, Љубчо Георгиевски и Љубе Бошкоски од Коалицијата ВМРО за Македонија денеска имаа средби со граѓани на градскиот плоштад во Куманово.
Бошковски истакна дека Коалицијата го продолжува победоносниот од.
– Ние на овие избори победуваме, а победата е најмалку 15 пратеници, кои ќе одлучуваат за судбината и идната влада на Македонија, рече Бошкоски.
Лидерот на ВМРО-НП Георгиевски истакна дека нивните аргументи се нивната претходна работа и новата програма. Според него, во перидот од 1998-2002 се покажале како луѓе кои знаат да ја бранат Македонија и дека ниту еден од политичките претставници ги немало во 2001 кога, вели, на Македонија и беше најтешко. Порача дека власт без баланс на силите се злоупотребува, а ова се избори, како што рече, за победа на демократијата.
Пред присутните се обрати и носителот на изборната листа на коалицијата во втората изборна единица Љупчо Балкоски, кој истакна дека овие избори не се за директори на комунално претпријатие, туку избори кои треба да ја вратат Македонија на, како што рече, нормалниот колосек, на патот кон ЕУ и НАТО и обезбедување квалитетен начин на живеење. – ВМРО за Македонија може да го обезбеди тоа, нагласи Балкоски и изрази надеж дека граѓаните тоа го препознаваат во нивната опција. 

levica-savevski

Носителот на листата на кандидати за пратеници од партијата Левица, Здравко Савевски денеска на средба со битолчани порача да се почитуваат работничките права и да се обезбеди достоинствена работа за квалитетен живот.

Според него, проблемот со невработеноста останува главен државен проблем.

– Проблемот со невработеноста може да се решава на повеќе начини. Во приватниот сектор има голема преангажираност на работниците, односно се случува еден работник да работи за двајца и ако се почитува основното правило еден работник на едно работно место, тогаш во приватниот сектор ќе може да се отворат нови работни места, рече Савевски.

Тој најави и дека Левица по изборите ќе ја избрише вештачката граница меѓу активните и пасивните баратели на работа, ќе го спречи бришењето на невработени лица од евиденција за да се знае колкав е бројот на невработени лица и за нив да се овозможи остварување на правата од статусот невработено лице./MИА