Пред дебарчани се претстави носителот на кандидатската листа на коалицијата за Петата изборна единица Арбен Лабеништа.
– Редефинирање на државата, целосна рамноправност на Албанците со Македонците, рамноправност на јазикот ,културата, современо здравство, образование, добра патна инфраструктура, работни места. Тоа се нашите заложби, а вие знаете дека тоа може да го остварат само кадрите на оваа коалиција, зашто се вредни, образовани и умни. Убедени сме дека знаете да го распознаето злото од доброто. Доста е со лагите на ДУИ ,која по 11 декември ќе замине во минатото, порача Лабеништа.
Пред дебарчани се обрати и лидерот на „Беса“ Билал Касами, кој вети целосна рамноправност на Албанците со Македонците и, како што рече, „сега или никогаш е време Македонија да стане албанска Македонија“.
Според него, доста било 25 години политика на лаги и оти сега достинството на Албанците ќе го врати токму Коалицијата „Промени со Беса“.