Трајанов бара затворање на границите за да се спречи бегство на Груевски,фамилијата и аболицираните на Иванов!

од Vladimir Zorba
103 прегледи
Коалицијата за Промени и Правда нуди стабилност, единство и сплотеност, но со изборите на 11 Декември мора  Македонија да ја “исчистиме” од политичката мафија, да се ослободиме од стегите на Криминалниот режим, за да законите важат подеднакво за сите порача Трајанов од митнигот во Жена парк во Скопје
 
Да воспоставиме систем, каде способните, врвните професионалци ќе имаат еднакви шанси, да создаваат, работат и творат во Македонија
Трајанов упати апел до припадниците на службите за безбедност:
,, Ни требаат само 20 пратеници за да го демонтираме и испратиме во историјата овој авторитарен режим, а криминалците во “Бизнис Центарот во Идризово”.
Ги повикувам сите припадници на службите за безбедност, на 11 декември да ги затворат границите за да не може, оние што ги спремаат куферите-аболицираните на Иванов,  режимот и фамилијата да избегаат, рече Трајанов!