Официјално – започнаа предвремените парламентарни избори

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Утрово и официјално почнаа предвремените парламентарни избори, а првите гласови политичките партии ќе ги добијат од 325 членови на избирачките одбори, кои заминуваат во дијаспората за да го спроведат гласањето во македонските амбасади.
Гласањето се спроведува во  просториите на Државната изборна комисија и ќе трае исто како и регуларните избори – до 19 часот. Гласањето продолжува во сабота кога на ред е дијаспората, затворениците и болните и изнемоштени лица. Правото на глас во странство, македонските државјаните ќе можат да го остварат во 46 амабасади и конзуларни пртеставништва. Најмногу пријавени за гласање има во Берн,  Венеција, во Детроит, Њујорк и во Мелбурн.