Нашата најмала учесничка на овогодинешното издание на талент шоуто за деца „Пинкови ѕвездички“ Драгана Јовановска, ги доби сите 5 гласа од жирито и се пласираше директно во четвртиот круг од натпреварувањето.
10 годишната Драгана ја отпеа песната на Фрајле „Ко се то мени заљубио“.
Малата Кумановка не само што ги доби сите 5 гласа, туку и голем аплауз и воодушевувачки коментари од судиите:
„Колку се радувам на вакви интепретации. Имаш такво неверојатно слатко вибрато како Едит Пјаф“ ѝ рече Гоца.
„Честитки, се беше компактно, како во некоја разгледница. Фантастична беше“ рече Јелена
„Толку беше добра што би сакал сите твои другари тука вака да настапуваат. Јас мислам дека ова е тоа комплетно што можеме да го бараме од Пинковите ѕвездички. Таков настап, таква сигурност, таква енергија, толку точно и толку добро. Мислам дека си школски пример за 5ка во Пинкови ѕвездички“ порача Милан.
„Ти имаш таква моќ за трансформација, гледам дека си сериозен кандидат за Суперфиналето. Стварно си оригинална. Очекувам многу од тебе.“ рече Леонтина.
„Ништо не би чепкал кај тебе, само напред“ ја пофали Сергеј.
https://www.youtube.com/watch?v=cyxq7GU51l4